Средба Муцунски – О’Брајан во Њујорк

Средба Муцунски – О’Брајан во Њујорк

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски оствари средба со американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Џејмс О’Брајан, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк.

Дискусиите се фокусирале на продлабочување на стратешкото партнерство, со посебен акцент на клучните области како што се регионалната безбедност, економскиот развој, доброто владеење и демократијата, се наведува во соопштението на МНР.

„САД се наш значаен стратешки партнер и НАТО сојузник, што во континуитет го помага нашиот демократски развој и севкупен напредок. Во услови на променет геополитички контекст, посветено и заеднички работиме на зачувувањето на регионалната стабилност и безбедност”, истакнал Муцунски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста