Средба Мисајловски – Бејер
Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со Питер Бејер, германски пратеник во Бундестагот, соопштија од министерството за одбрана.
На средбата се разговараше за долгогодишната билатерална соработка меѓу двете земји и за иницијативите за продлабочување на соработката во повеќе области. Мисајловски изрази благодарност на Германија за досегашната силна поддршка во евроинтегративните процеси и истакна дека интеграцијата на нашата земја во Европската Унија е највисок државен приоритет, истакнаа од МО.