Средба Мицкоски – Сијарто: Македонија е предолго надвор од ЕУ, поради неразумни билатерални пречки

Средба Мицкоски – Сијарто: Македонија е предолго надвор од ЕУ, поради неразумни билатерални пречки

Македонија е предолго надвор од ЕУ, поради неразумни билатерални пречки, предупредил лидерот на ВМРО ДПМНЕ кој претпладнево имаше средба со министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сјарто.

Мицкоски посочи дека Македонија е предолго надвор од ЕУ, меѓу другото и поради неразумни билатерални пречки со што сериозно се разнишува и кредибилноста на самиот интегрирачки процес и со право се зголемува чувството за двојни аршини кога станува збор за стратешките евро-интегративни процеси.

  • Македонија со сите свои недостатоци во поглед на реформи и политики, сепак, споредено со други држави кои веќе се членки на Европската Унија, заслужува напредок кон остварување на оваа неспорна стратешка цел членство во Европската Унија, изјави на средбата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Се разговараше и за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните на Македонија како што се економската криза, растечката сиромаштија, скапите цени и инфлацијата како и недостатокот на инвестиции и реформи.

Двајцата соговорници ги потврдиле исклучително добрите односи кои ВМРО-ДПМНЕ ги има со унгарската влада. Мицкоски се заблагодари на поддршката која Македонија ја има од пријателска Унгарија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста