Средба Мицкоски-Ламерт: Соработката со Фондацијата „Конрад Аденауер“ продолжува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски заедно со потретседателот Александар Николоски  денеска остварија средба со Проф. д-р. Норберт Ламерт новиот директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“.

На средбата се разговараше за постојната и идна соработка на ВМРО-ДПМНЕ со Фондацијата, како и актуелната политичка состојба во државата, како и предизвиците со кои се соочува Македонија на европскиот пат. Соговорниците нагласија дека размената на искуства и знаења со Фондацијата е многу значајна за ВМРО-ДПМНЕ, но и за Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ срдечно се заблагодари за досегашната соработка со Фондацијата која е на одлично ниво и истакна дека истата е од особено значење, особено во периодот кога се соочуваме со предизвици во однос на реформите кои Македонија мора да ги направи за новата Методологија за членство во Европската унија.

Во однос на актуелната политичка состојба во земјава,Мицкоски ги посочи недостатокот на реформи во клучни сектори, економската криза и поразителните економски параметри со кои што се соочуваме, големата невработеност и поразителните политики на владата во справување со здравствената криза.

Тој потенцираше дека е загрозена нашата европска перспектива заради безидејноста и немањето на стратегија за дејствување од страна на надлежните особено на меѓународен план, дека брзата трака за членство во Унијата и реформите не се приоритет на Владата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека однесувањето на нашиот источен сосед не е пример за европска вредност, но и дека истото е потикнато од политиката на виткање на кичма на премиерот Зоран Заев.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста