Средба Мицкоски – Курти по инцидентот на Скопскиот аеродром: Односите не се нарушени, секој подлежи на стандардни безбедносни проверки

Средба Мицкоски – Курти по инцидентот на Скопскиот аеродром: Односите не се нарушени, секој подлежи на стандардни безбедносни проверки

Непријатно искуство, а не провокација. Жалење, а не извинување за инцидетот со косовската претседателка Вјоса Османи на Меѓународниот аеродром во Скопје.  Истрага и официјален извештај, за да се утврдат фактите и ова никагаш да не се повтори  – ова е епилогот по билатералната средба на македонскиот и косовскиот премиер, Христијан  Мицкоски и Албин Курти.

И двајцата се соглација дека дипломатските односи не се нарушени и не смее да има тензии помеѓу двете држави и двата народи кои имаат одлична соработка која ќе се надоградува. 

  • Што се однесува до случајот, ќе повторам дека разликата помеѓу овој случај и претходните два случаја, кои се случиле на скопскиот аеродром, е тоа што сега има јавност. Јас слушав изјави од типот дека некои политичари црвенееле од срам, но претпоставувам дека црвенеат и поради двата слични инцидента кои се случувале и во 2023 година. Но, сега имаме јавност, а тогаш немаше јавност. Оваа влада е демократска и отворена, а не е како претходната. Уште еднаш ќе кажам дека жалиме за инцидентот. Се понудив следниот пат кога ќе патува Вјоса Османи, лично јас да ја пречекам на скопскиот аеродром и ќе ја придружувам сѐ додека не го напушти аеродромот. Што се однесува до лицето кое го предизвикало инцидентот на аеродромот, ако извештајот покаже дека е виновно, тогаш сигурно ќе има одговорност за тоа лице. Додека јас сум премиер, лица над законот нема да има“ – изјави Мицкоски.

Откако косовските медиуми објавија дека ставот на официјална Приштина за инцидентот е дека тоа значи директна провокација и напад на соседната држава, Курти сега релативизира. Тоа што се случило на скопскиот аердором вели било непријатно искуство.

  • Не знам дека сме имале таков став. Можеби некој го кажал тоа, но не и институциите на Република Косово. Косовското МНР даде свој став и нашата цел треба да биде вистината да излезе на виделина и не смее да има тензии. Јас и премиерот Мицкоски не можеме во исто време да сме премиери, цариници, полицајци и граничари. Во однос на суштината на прашањето, верувам дека сите потребни мерки се преземаат и дека нови слични инциденти нема да се случуваат во иднина – одговори Курти.

На маса на средбата било ставено и прашањето за екстрадицијата на поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани по кој трага Србија, но и за двајцата доживотно осудени Алил Демири и Африм Исмаиловиќ  за петкратното убиство на Смисковското езеро. Министрите за правда на Македонија и Косово директно да комуницираат и соработуваат во рамките на законските државни и меѓународни промиси е заклучокот кој што бил донесен од двајцата премиери.

Се разговарало и за економската соработка. Македонија и Косово имаат зголемена трговска размена од околу половина милион евра а тендецијата е таа дополнително да расте како и заедничките инфраструктурни проекти помеѓу двете соседски земји.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста