Србов за Алфа : Ахмети го навреди македонскиот народ

Нова политичка игра непосредно пред изборите? Лидерот на ДИУ, Али Ахмети, објаснувајќи ја заложбата за прв македонски премиер Албанец  се повика на Гоце Делчев дека носел кече додека држел говори пред Албанците. Историчарот Србов за Алфа вели дека ова е класична манипулација на Ахмети . За Србов редно време е да се стави крај на злоупотребата на личностите од македонската историја бидејќи дел од политичарите упатуваат навредливи зборови кон Македонците.

  •  Гоце Делчев е таткото на македонската нација и секој искажан манипулативен збор искаѓан кон неговиот лик  и неговото дело е директна навреда кон македонскиот народ. Гоце Делчев се борел за создавање македонска држава. Ништо повеќе и ништо помалку. Господинот Ахмети треба да има на ум дека во државата во која живееме сите ние денес е резултат на борбата токму на Гоце Делчев. Јас би му порачал за во иднина ако сака да коментира нека земе и нека ја научи историјата и нека извлече поуки од таа историја, но не истата да ја злоупотребува во дневно политички контекст- вели за Алфа Никола Србов-  историчар.

Првиот човек на ДУИ Ахмети синоќа пред скопјани ја промовираше идејата за премиер Албанец и директно ги повика Македонците ако се наследници на Гоце Делчев оваа идеја треба да ги направи среќни бидејќи тој ги обединувал луѓето и не ги двоел.

  •  „Со Гоце Делчев соработувале албански патриоти и заедно работеле со Македонците за да ги решаваат проблемите на сите граѓани. Ако имаат малку почит за Гоце Делчев, нека разберат дека тој со кече на главата држел говори пред Албанците. Ако се наследници на Гоце Делчев, оваа кандидатура треба да ги направи среќни. Ако се наследници на Гоце Делчев, кој ги обединувал луѓето и не ги двоел. Ги молам сите да се присебни, затоа што Албанец премиер не само што ќе ги зајакне безбедноста и мирот, туку ќе ја подобри и економијата во земјата“ изјави Али Ахмети-лидер на ДУИ.

Историчарите ги критикуваат политичарите, манипулации и застарени националистички чувства не треба да бидат одлика и на оваа кампања.. Неприфатливо е да се користи ликот на Гоце Делчев во промоцијата за премиер Албанец.

Викторија Миткова

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста