Спречен обид на шверц на 43 мигранти

Спречен обид на шверц со мигранти во Југоисточниот дел на државата. Утринава нешто пред 9 часот во камион пронајдени се 43 лица.

Фолксвагенот со скопски регистарски таблички бил запрен кај клучката за влез во Радовиш и при контрола во задниот дел на камионот биле откриени мигрантите.

43 годишниот шофер од Скопје е приведен, информираат од струмичката полиција.

Денес на социјалните мрежи масовно се споделуваа овие две фотографии, сликани во дворот на радовишката полиција. На нив јасно може да се види дека поголем дел од мигрантите кои утринава беа пронајдени, се мажи.

Денешниот случај е само потврда дека оваа делница што води од грчката граница е дел од рутатата на мигрантите чија последна дестинација им е Европа.. За само девет дена на овој патен правец се фатени 180 мигранти.

Се шпекулира дека мигрантите за трансфер од грчка на српска територија плакаат од 300 до 800евра по лице.

Преку нелегални премини грчки криминални групи ги пренесуваат на македонска територија од каде што најчесто со камиони се превезуваат до Табоновце. Доколку не ги фатат следна дестинација им е унгарската граница.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста