Спортските риболовци со протести ќе се обидат да го спасат Дебарското езеро

Спортските риболовци од цела Македонија најавуваат масовен протест, доколку државата повторно го издаде под концесија Дебарското езеро.

Рибарите обвинуваат дека поранешниот концесионер кој стопанисувал со Дебарско, го сотрел езерото-не бирајќи сретства велат,единствено водеше сметка само за приходот кој го остварува, а не и за заштитата на рибната популација.

Беше шест години давано нашето езеро од 2012 до 20018-та на еден концесионер што го злоупотреби езерото.Фаќаше риби по никакви критериуми ,значи фаќаше риби и ги полнеше своите џебови, изјави Дритан Боцку од спортското риболовно друштво “Трофта”

Значи го уништи скроз цело езеро,ние како граѓани сме револтирани на тоа.Што правеше тој? Се на диво,се мрежи по еден километар од селото Рајчица до браната тука пушташе цела мрежа и го уништи цело езеро, вели Мирсад Пилачи-спортски риболовец

Членовите на рибиловното друштво ‘’Трофта” кои пред 7 месеци ја доби концесијата за спортски риболов, тврдат дека поседуваат целокументација и докази за криминалниот начин на стопанусувањето со езерото.Прстот ги вперија во ресорното министерство и инспекциските служби.

-Тие треба сами да оргираат и да се види, оти цел Дебар знаеше, а знаат и тие колку тој  го злоупотребуваше езерото.Одеше Скопје на самиот пазар имаш дебарска риба.Под никаква контрола никој не вршеше контрола ни колку тој треба да лови во кој ден да пушта мрежи.Тој пушташе секоја вечер или кога ќе му текнеше нему, додаде Мирсад

Рибарите обвинуваат и за нелегален бизис со приватни рибници направени во водите на Дебарското езеро.

Бараме од надлежните органи да ја видиме документација никој не ни дава одговор дали има или нема договори.А колку рибници има?Има два рибници, едниот шо го има рибникот  ја користи оваа ситуација што е блиску до базените и ноќе фрла мрежи.Имаме фатено мрежи во близина на рибникот, истакна Дритан Боцку

Поранешен коцесионер на Дебарско езеро  е фирмата ‘’ЗЗ Охридска пастрмка “ чиј сопственик е Пепи Винца од Велешта,едно од имињата  во аферата која ја обелодени Алфа а се однесуваше на криминалот со коцесионирањето со Охридското езеро.Винца кој тогаш спаси жива глава се брани,вели дека и додека стопанисувал со Дебарско,го заштитувал и збогатувал рибниот фонд во езерото,а на дебарчани им отворил и продавница за свежа риба

Росица Голабоска

Advertisements