Спортската сала Расадник ќе добие модерен лик: Вардар дел од натпреварите ќе ги игра во Кисела Вода

Спортската сала Расадник во Кисела Вода по долги години ќе се реновира и ќе добие модерен лик. Оваа реконструкција ќе чини околу 90 милиони денари, а ќе биде финансирано преку Министерството за спорт. Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓоргиевски порачаа дека е добро оваа рунирина сала по 30 години негрижа ќе добие модерен лик. Почесниот претседател и еден од најголемите финансиери на РК Вардар, Михајло Михајловски, порача дека двократниот европски првак по реновирањето дел од натпреварите ќе ги игра во оваа сала, каде и Вардар играше на своите почетоци.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста