Спорно или не – во Кисела Вода се гради

- Не би смеело да се залепат, значи во однос на ова јас имам прозор- светол отвора еве и они потврдија како ќе ми дозволат цефка за вентилација. Па го затвораат, еве видете сами, не е случајно.. -вели Зоран Поповиќ- жител на Кисела Вода.
Зоран Поповиќ стравува дека ќе остане без сонце заради новата зграда што почнува да се гради буквално залепена до неговиот дом. Живее на улицата „Мишко Михајловски “ во Кисела Вода. Но не е само тој, реагираат и другите соседи.
- -Еве дали дозвола за сообраќајно решение, како да ја користам гаражава, еве не сум безбеден да излезам со возило. Ако се спушти ниво под земјата ќе дојде да поткопа објектот, и од готова верисија тоа да се уништи – вели Зоран Поповиќ- жител на Кисела Вода.
Поповиќ тврди дека со поддршка од општината, градежната фирма „Мурал ДООЕЛ“ го гради објектот незаконски. Инвеститорот и изведувач на зградата вели се е легално. Дозвола за градба добил од општината, а веќе платил и комуналии.
- Ние сметаме дека ова е легално и градиме и ќе градиме бидејќи се е законски според документите вели ВЛАДО ТАСЕВСКИ – инвеститор и изведувач на градбата.
Градоначалникот на Кисела Вода – Филип Темелковски се правда дека не можел да постапи спротивно на постоечкиот ДУП, па морал да ја даде дозволата. Но зошто не побарал суспензија?
- Неможе поради еден мал блок или три четири локации не е фер и коректно вие цел план вие да суспендирате цел план- вели Темелковски.
Масовните градења остануваат болка на главниот град. Прашањето е како во постојната тесна инфраструктура ќе се издржи преоптовареност од урбаниот хаос?