Спикерот и забрани на ВМРО-ДПМНЕ да зборува против Спасовски

Нов скандал во Парламентот. Собранискиот спикер Талат Џафери не им даде право на збор на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по точката за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Образложението според Џафери е дека задоцниле со пријавување на нивна листа со говорници и  немало нивни претставник на координацијата.

По ова пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската седница, а координаторот Никола Мицевски дека вели дека нема да учествуваат во театарот. Никогаш досега не се случила интерпелација без присуство на опозицијата.

По отфрлањето на двете интерпелации онаа за Љупчо Николовски  и за Маричиќ, да се скрати правото на говор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, навика е веќе би рекол во ова Собрание авторитарно да се однесувате. Само вие продолжете да ја замолчувате опозицијата, двете интерпелации ги тргнавте, а на оваа не дозволувате да зборуваме, ќе си го кажеме она што го имаме во реплики на колегите пратеници, немојте да мислите ќе ја замолчите опозицијата, посочи Мицевски.

Талат Џафери му врати дека се самите виновни за двете интерпелации, и дека ќе ја дочека неговата интерпелација со задоволство.

„Основен виновник сте самите за двете интерпелации, и деловникот има процедура по која може да се вратат тие две точки. И трето, јас со задоволство ќе ја дочекам вашата интерпелација на функцијата претседател на Собранието“, рече Џафери.

Во образложението на интерпелацијата која ја поднесоа пратениците на Алијанса на Албанците и Алтернатива е наведено дека Спасовски повеќе нема да може да биде министер по бегството на Никола Груевски во Будимпешта и наводното бегство на Сашо Мијалков и мора да сноси одговорност.

За Спасовски пак интерпелацијата била чудна. Причините за кои е поднесена  биле одраз на изместениот систем на вредности на опозицијата.

По барањето за Интерпелација согласно собранискиот деловник, пратениците имаат право да дебатираат до полноќ

Работата на Спасовски беше ставен на тапет пред пратениците и во 2019 година, кога Собранието не ја прифати интерпелацијата поднесена од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста