Спиењето само по чорапи е најцврсто

Во Англија, традиционално, 16 април е „Работен ден по пижами”. Кој ќе реши да го испочитува – оди на работа по пижами или по ноќница – секој по свој вкус и мерка.

Во пресрет на „Работниот ден по пижами“, тамошниот печат објави и истражување за пижамите и нивното влијание врз сонот. Имено, податоците за 2.680 луѓе од цел свет говорат дека тн. „брз сон“, којшто се одликува, меѓу другото – со брзо движење на очите под затворените клепки, трае 20-25 отсто од времето кое го минуваме во спиење и може да се мери на монитор.

Се смета дека овој дел од сонот е, всушност, најдлабок и најдрагоцен за обнова на нашата сила и енергија.

Резултатите од испитувањата велат и дека – кој спие гол, потонува во уште подлабок сон со, во просек од 26,5 отсто „брз сон“.

Луѓето што спијат по маица и бермуди, минуваат во просек 26 насто од спиењето во „брз сон“. Најкратко време во состојба на „брз сон“ – 17,5 насто, имаат оние коишто спијат со „класични пижами“ или по ноќници. Ето зошто некои стручњаци и познавачи препорачуваат оваа комбинација облека за спиење да се избегнува.

Спињето само по чорапи на нозете пак, води до 27 насто „брзи сништа“ – што е најмногу. А, конкретно кај жените, „брзиот сон“ во случај – само по чорапи е цели 28 насто. Ако човекот спие бос, тој број е 26 отсто.