Спектакуларен огномет, весело и преполно – Скопјани на отворено ја дочекаа 2020-та година

“Скопје ми е влезено во срцето, ме потсетува на детството. Овде ми е најубаво“ вака Дино Мерлин вчеравечер ја поздрави многубројната публика.Скопскиот плоштад претесен за регионалната ѕвезда , над 60.000 посетители од целиот Балкан и пошироко и покрај минусните температури одлучија да ја дочекаат новата 2020 година во нашата метропола. Од семафорите на Рекорд до бината немаше место каде да се фрли игла. Целиот плоштад „Македонија” беше преплавен, прашавме дел од присутните како си поминуваат.

Сценските ласери дополнително ја подигнаа празничната атмосфера неколку скалила погоре. Бендот Суперхикс како предгрупа одлично ја подгреа атмосферата, а веќе по 23 часот во еден глас илјадници грла ги пееја хитовите на Мерлин.

Меѓу овој незапаметен метеж од народ кој уживаше во новогодишниот спектакл Новата Година ја дочека и таткото на градот Скопје ,Петре Шилегов. Тој не ја сокри радоста и објави фотографии на својот Фејсбук профил од синоќешната атмосфера.

Здравје, љубов, среќа… 2020 да биде поубава од претходната , ова се скромните желби на граѓаните

Спектакуларниот петминутен огномет кој предизвика возбуда, задоволство и радост на лицата, … го означи стартот на Новата Година

Со ова се затвора и зимската монтажна населба наречена „Винтерленд”која беше отворена на почетокот на овој месец.

Александра Овчарска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста