Специјалисти: Седењето пред компјутер – ризик за здравјето на децата

Македонските ученици одамна имаат проблем со прекумерна дебелина и низа други деформитети на рбетниот столб,токму поради слабата физичка активност и зависноста од користење на електронски уреди,Сега, со онлајн учењето последиците можат да бидат уште поголеми, алармираат специјалистите по училишна медицина.Повторно седење дома-и пак пред паметни уреди.Лекарите велат дека родителите мора да настојуваат децата да бидат физички активни најмалку два часа дневно.
Зголемената телесна тежина врши оптоварување на кардиоваскуларниот систем, ќе имаме деца кои во повозрасните години ќе можат да имаат покачен крвен притисок поради тоа, може да придонесе и до зголемен број на деца со дијабет – вели вели др. Александар Костески, специјалист по училишна медицина.
Преголемата употреба на електронските уреди значително влијае и на видот кај децата, вели доктор Костески.Систематските прегледи кои ги прават, покажуваат дека последниве години, се повеќе деца имаат вакви проблеми.
На систематските прегледи додека ги спроведуваме, се забележа дека токму со тоа користење на паметни уреди, таблети, лап топи, сето тоа доведе до зголемена бројка на деца кои имаат пореметување на видот – вели др. Костески
Со смирување на состојбата со коронавирусот и враќање во училиштата, лекарите бараат итно да се усвои нивниот предлог за зголемен фонд часови по физичко воспитување, по примерот на многу развиени земји.Оти, ако продолжи ваквото темпо на живот кај младите, ќе донесе генерација на дебели и нездрави деца.
Милена Вучевска