Специјалците покажуваат како се апси, политиката лови криминалци во магла

Ловење криминалци во магла, денеска временските прилики направија проблем македонско косовските специјалци да покажат преку вежба како се апсат бандити, но вака реално е на косовско македонската граница каде подземјето прави увоз извоз преку нелегални премини, а скоро никогаш не завршува со лисици на рацете.

Грабежи на банки, убиства, пукања, кражби на возила сите патишта водат преку Серава, па на Косово. Министерот за внатрешни на Косово, не одговори колку бегалци на месечна основа преминуваат граница, ниту колку криминалци од Македонија се кријат на Косово, веќе со позната реторика и за обвинетите убијци за смиљковскиот масакр кои 7 години не се екстрадирани во Македонија.

И додека косовските власти, со протоколарни изјави околу бегалците кои Македонија ги бара, обвинетите за убиството на децата и рибарот, Алил Демири и Агим Исмаиловиќ, освен што не беа испорачани во Македонија и по 7 години, од масакрот, Исмаиловиќ, успеа да избега од Косово.

Случајот со петкратното убиство кај Смиљковци од месец во месец како се повеќе да се разводнува, па така и Судот денеска го одложи рочиштето, наместо да им се суди на обвинетите за убиство, на кривичен му беше приоритет да суди за уривањето на Космос, случајот кој го стокми Катица Јанева под кодно име ТНТ.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста