Спасувачите го предомислија мажот што се закануваше дека ќе се самоубие во близина на Мавровка

Среќен крај на драмата што почна трагично. Мажот кој се закануваше со часови дека ќе се самоубие, сакајќи да скокне од седмиот кат од зграда во близина на Мавровка се предомисли благодарение на спасувачите.

Од МВР велат дека за лицето ќе биде спроведена понатамошна постапка.

“Лицето безбедно и без повреди е симнато од зградата и однесено во полициска станица за понатамошна постапка. Утрово во 08.10 часот од граѓанин беше пријавено дека на наведената локација има лице на покрив од зграда и дека сака да скокне.” велат од МВР.

Мотивите за обидот за самоубиство засега се непознати.Неофицијално станувало збор за семејни проблеми, но тоа од надлежните институции не е потврдено.

Сличен обид за самоубиство имаше и пред два месеци во Скопје, каде жена на околу 35 годишна возраст сакаше да си го одземе животот скокајќи од 5-тиот кат од зградата каде што живееше. За среќа не заврши трагично.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста