Спасовски се појави по четири дена: Дури сега ќе се распишува меѓународна потерница за бегалецот

МВР дури сега ќе распишува меѓународна потерница за првоосомничениот за убиството на Денис Тот. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој се појави дури 4 дена по убиството,  не знаел дали тој се наоѓа во државава. Рече дека се прибирале информации, а иако е надлежност на полиција немал сознанија дали првоосомничениот ги напуштил границите на Македонија.

-Секако дека имаме централен распис, ќе се распишува и меѓународна и домашна потерница. (ДАЛИ Е ВО ДРЖАВАТА ПРВООСОМНИЧЕНИОТ?) Прибираме податоци, информации во однос на сите овие аспекти. Официјално немаме таков податок дека ја напуштил, изјави Спасовски. 

Сомнежите дека можеби ја напуштил државата ги зголемува фактот што бегалецот е роден и живее во Словенија, а имал и доволно време, бидејќи осомничените во полиција биле повикани дури напладне, односно 7 до 8 часа после убиството. Запрепастувачка информација е и тоа што полицијата за инцидентот прво дознала кога Тот веќе бил на КАРИЛ.

ТОНСКО ОЛИВЕР СПАСОВСКИ- министер за внатрешни работи: Информацијата дека нема траги на насилство се информации кои што ги добиле и полициските службеници кои што работат на овој случај. Веденаш после јавувањето во клиничкиот центар, тоа е процедура која што е стандардна, вендаш после носење на вакво лице се известува полицијата, оди на лице место и таму ги добиваме тие информации, изјави Спасовски.

Спасовски уверува дека немало обид да се сокрие убиството, иако постојат сериозни сомнежи за такво нешто. За овој случај во притвор се двајца осомничени, додека првоосомничениот е во бегство и не достапен за органите на прогонот.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста