Спасовски се амнестира од одговорност за хаосот со личните документи

Спасовски се амнестира од одговорност за хаосот со личните документи

Вината за хаосот со личните документи е кај секој друг, освен кај Спасовски и неговите соработници – ова е заклучокот од вчерашното правдање на поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој по долго криење од од јавноста, се појави на телевизиско интервју. Вели дека не чуствува одговорност што ја претвори македонија во затвор за над половина милион македонски граѓани кои се уште се без лични документи. Не можел тој да ги натера граѓаните на време да си ги обноват.

  • „Не може апсолутно, никого сами да натерате, да ги извади документите во 2021, 2022 или 2023 година. Не сакам да фрлам вина на граѓаните. Секој еден граѓанин имал можност од први јули да започне со промената на личните документи.“ – Истакна поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Никој не спори, дека министерот не можел и не требал да оди од врата на врата и да ги моли граѓаните, но истора така е неспорно, дека лични диокументи се издаваа со рок на важење и по 12 февруари 2024 година, кога според преспанскиот договор, престанува да важат документите со старото уставно име.

Наивен е и обидот на Спасовски, вината да ја префрли кај опозицијата, користејќи го нејзиното противење на начинот на кој што беше договарен и изгласан преспанскиот договор во македонското собрание, со неуспешен рефрендум зад себе.

  • „Прво, дали сметате дека е сериозно тоа прашање? Дека возачките истекуваат и никој не знаел. Преку соопштенија и изјави на пртпаролите на институциите и тн. дека имаме обврска да ги промениме документите. Имаше период кога се повикуваа граѓаните од сегашната опозиција дека ќе го срушиме договорот од Преспа. Дека ќе го вратиме старото име. Сетоа тоа можело да има влијание“ – Додаде Спасовски

Тој не одговори ниту на прашањето, дали пунктот за сликање во станицата Кисела Вода бил само “мачкање очи”, бидејќи и оние кои се фотографираа, и по цел месец чекаат за нов документ, поради недостатокот на обрасци. Спасовски им порача на граѓаните да си се јават во министерството и да си закажат термин за сликање, како единствено решение, а се покажа дека тоа не е решение, затоа што бројот за закажување што му го остави на во наследство на Панче Тошковски, не работи.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава до него, бидејќи, како што велат, во својство на министер за внатрешни работи во период од околу две и пол години издавал лични документи кои знаел и бил свесен дека нивната важност нема да биде во рок отколку што е ставен во документите. За Спасовски, кривичната пријава од ВМРО-ДПМНЕ, била политички мотивирана.

Прашање е, и дали кривичната против Спасовски, ќе заврши во некоја од фиоките во јавното обинителство. Оттаму за Алфа рекоа, дека намало да се оформи посебен предмет бидејќи за хаосот со личните документи веќе имале предистрага по иницијатива на граѓанин. Од обвинителството додадоа, дека кривичната пријавата од опозициската партија единствено би можело да се припои кон предистрагата.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста