Спасовски „преживува“ и покрај многуте афери – Со што заслужи?

Ново – стариот министер за внатрешни работи ја задржа позицијата во владиниот кабинет, ама со што го заслужи тоа останува нејасно. Оливер Спасовски кој пет години раководи со МВР, има низа скандали кои видно ја разбранија јавноста. Опозицијата обвинуваше дека Спасовски е главата на најголемите кримални случаи кои ги обелодени во МВР. За ВМРО-ДПМНЕ и сега таканаречените нови ликови во Владата не се нови, туку стари функционери на Соцјал-демократите.

Оливер Спасовски веројатно ќе стане најдолговечниот министер за внатрешни работи до сега веќе 7 години, тој нема ниту една поголема акција за сузбивање на криминал и корупција, дрогата царува по улиците на македонските градови како никогаш порано. Кокаинот е достапен на македонските деца како никогаш порано, а на Спасовски му се случија Рекет 1 и 2, 215 издадени пасоши на нарко босови и останати криминалци. Во негов мандат криминалците слободно шетаат на улица, прават криминал, а за тоа не одговараат – рече Александар Николовски – ВМРО-ДПМНЕ.

За новиот мандатар пак, старите позиции ги задржуваат министрите кои покажале добри перформанси во досегашното работење.

„Јас реков дека ќе се водам според перформансите кои ги имале досега министрите, затоа имаме нови имиња, имаме ротации и задружување на министерските места. Оние кои ротираа во друг ресор се покажаа како ефикасни министри досега. За министрите кои ги задржаа позициите, анализите покажаа дека се гледа зголемување на перформансите во министерствата каде управувале, се гледа дека ги имаат зголемено стандардите во работењето и ги реализирале капиталните и оперативните инвестиции на ниво на планот кој го имале за 2021 година“, кажа Ковачевски.

Инаку, додека Спасовски раководеше со МВР, опозицијата ги обелодени Мафија 1 и 2, а во случаите се откри издавање на нелегални македонски пасоши на над 200 криминалци и наркобосови од Балканот и пошироко.  Ситуацијата се подгреа кога се дозна дека на 20.000 македонски граѓани им биле издавани два матични броеви кои два пати се појавувале на избирачкиот список. Случајот беше експресно решен, оти на обвинителна клупа се најдоа шалтерски работници. Очекувано ниту Спасовски ниту некој друг висок функционер не понесе одговорност. Ниту пак пасошите беа поништени.  

За време на изборната кампања за локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ обелодени дека полицајци блиски до СДСМ формирале злосторничка група на апликацијата Вибер која требало да следи членови на партијата за потоа физички да ги малтретира и да им го ограничи нормалното движење, а во неа биле вклучени над четириесетина началници, полициски командири и полицајци во улога на партиски извршители.

Непосредно по акцијата Планина, во јавноста протекоа фотографии како Спасовски седи на иста маса со наркобосови, но тој до последно не кажа зошто седи со нив, ама ја повика јавноста да покаже кој од лицата на сликата се криминалци. Акцијата не беше целосно завршена бидејќи кртови од МВР им јавиле на криминалците, Обвинителство ги викна на разговор и тука се затвори случајот. И по низата афери кои беа објавени за работата на МВР, Спасовски ја преживеа и интерпелацијата во Собранието.

Спасовски не беше единствениот од владата на Заев кој беше поврзан со скандали. И за други министри имаше многу афери за кои јавноста не виде институционална завршница.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста