Спасовски од технички министер стигна до технички премиер

Од пратеник до технички министер за внатрешни работи, а сега предлог да ја предводи владата која ќе ги спроведе изборите.
Оливер Спасовски првиот човек на полицијата од 3 јануари седнува на местото на Заев. Вели подготвен е за функцијата и вети дека ќе ја извршува должноста чесно и професионално.

Вториот фаворит кој беше за на чело на преодната Влада, министерката за труд и социјала Мила Царовска ќе го заземе местото на Кочо Анѓушев кој заедно со Заев на 3 јануари ја напушта Илинденска бб. Социолог по професија доаѓа на функцијата вицепремиер за економски прашања. Заев верува во нејзините способности и очекува успешни економски политики.

Вицепремиерот Анѓушев се приклучи на владиниот тим како претставник на бизнис-заедницата од Стопанската комора на Македонија. Тој заминува од Владата со образложение дека му се враќа на бизнисот, а причината за тоа како што наведува е падот во добивката на неговите компании. Во изминатите две и пол години тврди дека придонел за развој на економијата и државата.

СДСМ за дополнителен заменик министер во МВР ја предложи шефицата на кабинетот на Спасовски, а за труд и социјала Санела Шкриељ која е шеф на кабинетот на Царовска.

Мери Ѓорѓиевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста