Спасовски му подготвува „свилен гајтан„ на Kовачевски: извиси за претседател на државата, па сега нишани кон СДСМ

За Ковачевски пораз, за Спасовски победа – изборите на 8 мај можат да му пресудат на екс-премиерот. Според анкетите Ковачевски се соочува со катастрофален пораз, што Оливер Спасовски, според нашите извори, ќе го употреби за да го исфрли сегашниот лидер од игра и да го завземе неговото место, или со други зборови Спасовски може да стане џелатот на политичката кариера на Ковачевски. Ова сценарио станува се поверојатно откако пандаа во вода надежите на екс-министерот за внатрешни да биде и канидат на власта за претседател, односно откако ја загуби играта со Ковачевски, Зечевиќ и Педнаровски.

Во случајов за Оливер Спасовски тој претендира сеуште и не се има откажано да биде партиски канидат за претседател на РМ, рачунајќи на поддршката на струмичкото и дел од кумановското крило. Но јас верувам дека после последните случувања во последниве неколку дена, можноста за тој да биде кандидат за претседтел на републиката се сведуваат на минимум. Значи клучна претпоставка е дека Пендаровски поддржан од скопското, и дел од кумановското и струмичкото крило повторно ќе биде кандидат за претседтел на републиката, вели за Алфа, Зафировски.

Според Зафировски, тоа што го извисија Спасовски за претседателски кандидат на државата, политички Ковачевски скапо ќе го плати.

Бидејќи аспирациите на Оливер Спасовски се релативно големи, ако не биде претседателски кандидат неговата амбиција оди да биде претседател на СДСМ и тука мислам дека работите можат да бидам многу посложени отколку што на прв поглед изгледаат. Оливер Спасовски и Димитар Ковачевски се претставуваат дека се другари меѓутоа во заднина тлее едно ривалство меѓу нив двајцата и тука бескомпромисен е Оливер Спасовски во смисла на тоа дека неговите амбиции се големи, вели за Алфа, Зафировски.

Спасовски својата сила барем според шпекулациите ја црпи и од поранешниот лидер на социјал-демократите Заев, кој донира мотори во МВР, се слика со Спасовски и неколку пати беше објавено дека фондацијата Заев била верен сојузник на МВР. Инаку кавгата на Спасовски и Ковачевски датира уште откако замина Заев, кога наводно новиот премиер сакал да го смени Спасовски од министер за внатрешни. Внатрешните кавги кои СДСМ се обидуваа да ги прикријат, на видело ги извади нивниот пртеник Костовски кој јавно на социјаните мрежи побара обединување. Инаку Оливер Спасовски остана и без никаква функција во техничката влада, на која претходните избори беше на чело.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста