Спасовски, министри и функционери на СДСМ одат во самоизолација
Следува ли втора официјална самоизолација за техничкиот премиер Оливер Спасовски? Откако директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска соопшти дека е позитивна на Ковид 19, се поставува прашањето дали Спасовски ќе биде 14 дена изолиран, оти вчера тој заедно со Лукаревска тераа партиска кампања во Куманово ,каде заедно со кандидатите за пратеници од изборна едниница 2 делеа заштитни маски низ градот.
Спасовски се тестирал, на тестовите е негативен, и вели ќе останел дома.
„Само што ги добив резултатите од денешниот Ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација, објави Спасовски на „Фејсбук“.
А денеска директорката на Управата за јавни приходи Лукаревска јавно соопшти дека има Корона Вирус. Таа на фејсбук објави дека се тестирала поради работните состаноци кои ги имала со потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири,, кој вчера објави дека има коронавирус.
„Немам никакви симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Не можам да бидам сигурна на каков начин сум го добила вирусот, но сите контакти кои ги имав последниве денови беа со целосно почитување на мерките за заштита, со маска, на дистанца и со редовна дезинфекција“, напиша Лукаревска.
Во меѓувреме, еден по еден се множат министри во владата, но и функционери кои се ставаат во самоизолација по веста дека потпретседателот на социјалдемократите, Зекири е заразен. Досега, поради контакти со него, во самоизолација заминаа министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, вицепртемиерката за еконосмки прашања Мила Царовска, владиниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Збрчанец, техничката министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска, директорот на фининсиската полиција Арафат Муареми,директорот на службен весник Мартин Костовски, но и градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.
Заев сепак смета дека не треба да оди во самоизолација оти Заев засега вели дека нема потреба да биде во изолација, иако потпоретседателот на СДСМ Зекири е позитивен на Ковид 19. Првиот човек на СДСМ за Алфа истакна дека со Зекири не се виделе дваесетина дена.
Инаку доколку епидемиолозите одлучат Спасовски да биде во домашен карантин, тоа ќе биде втор пат техничкиот премиер да биде самоизолиран, откако во април по контакт со градоначалникот на Куманово, Димитиревски, тој заедно со Филипче и Османи неколку дена останаа дома.
Мери Ѓорѓиевска