Спасовски контра Заев за избори во јуни

Спасовски контра Заев, избори ќе има ама техничкиот премиер не е убеден дека јуни е идеален период за одржување на истите.

Спасовски се двоуми за датумот, иако неговиот партиски шеф притиска за брзи избори во време на Корона вирус. Техничкиот премиер  е дециден, избори ќе има, ама не се знае точно датумот.

„Не знам дали јуни е идеално време за да се одржат парламентарните избори. Сепак, поради најавите дека е можно да се врати оваа криза уште еднаш после септември, мислам дека е неопходно да се одржат што е можно побрзо, имајќи предвид дека на државата и се потребни функционални институции кои ќе можат да носат одлуки за сите прашања кои се во интерес на граѓаните“, посочи Спасовски.

Се кршат ли копјата меѓу Спасовски и Заев, оти судејќи по денешната изјава на тех. премиер тој јавно се спротивставува на идејата на лидерот на СДСМ, избори да има во јуни , односно 21 ден по завршување на вонредната состојба.

Опозицијата смета дека избори во време на корона, особено во јуни не се добар чекор за здравјето на граѓаните, во меѓувреме првиот човек на Алијанса на албанците, Зијадин Села предлага изборите да бидат крајот на јули, или почетокот на август откако ќе се отворат границите за оние кои се надвор од Македонија да можат да го остварат правото на глас. Од ДУИ пак велат сега во нивната агенда изборите не се приоритет, туку здравјето на луѓето, а за избори требало зелено светло да даде комисијата за заразни болести. Додека Македонија подготвува  избори,  Полска ги одложи претседателските избори заради пандемијата, а и Франција е на чекор до одложување на локалните избори.

Meри Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста