Спасовски бара избори на 5 јули, ВМРО-ДПМНЕ: Нечовечки е да се бараат избори кога расте бројот на заразени и починати

До вчера како технички премиер,а денеска во улога на партиски носител во втората изборна единица Оливер Спасовски со ист став. Изборите треба да се одржат 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. Петти Јули според него е денот кога треба да се оди на гласање со оглед на тоа што вонредната состојба завршува на 14 јуни. Спасовски смета дека кога политичките лидери не можат да се договорат институциите треба да ја презмеат одговорноста. Ако имало избори летово можело да ни се наруши и правото на летен одмор, смета Спасовски.

Тоа е единствена опција и не постои друг правен механизам. Ако прецизно се одброи тоа значи дека изборите ќе бидат на 5 јули. Било какво пролонгирање не е можно ниту од правен ниту од праведен аспект. Секој термин кој ќе навлезе во летниот период ќе го загрози гласачкото право на граѓаните зашто ќе се спротивстави со правото на граѓаните на летен одмор. Избори наесен се опасна идеја за здравјето на граѓаните и економијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека Спасовски повикува на избори во период кога сме го достигнале пикот со педестина заразени со корона вирус. Опзоицијата смета дека приоритет треба да биде здравјето на граѓаните.

“Не само што е несериозно туку и морбидно и нечовечки во ден кога имаме над 80 заразени да се зборувва за избори. Во моментов треба да ни е во интерес здравјето на граѓабите и како да ја намалиме бројката на смртност бидејќи гледаме дека во моментов Република македонија е со најголема смртност во регионот”, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Засега нема најава за нова лидерска средба. Претседателот Пендаровски вчера по седницата на советот за безбедност рече дека ставовите на власта и опозицијата за избори се разликувале 10 до 15 дена, но дека комуникацијата прекнала по последниот развој на настаните со зголемениот број заразени од ковид19.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста