Спасеновска-Поповска: Штрајкот продолжува се до исполнување на барањето – раст на платите за 18,4%

Штрајкот на просветните работници продолжува и денеска. Втор ден учениците не посетуваат настава, училниците се празни, а наставниците во канцелариите, остануваат до крај на барањата, да се зголемат платите на наставниците.

Добар дел од училиштата немаат ниту еден ученик, а во дел од училиштата се појавиле само по еден, двајца па и четворица збунети ученици, вели во интервју за Алфа претседателката на регионалниот одбор на СОНК за Кисела Вода, Лена Спасеновска – Поповска.

Според Законот за работни односи наставниците се соочуваат да останат без дневница за деновите додека штрајкуваат.

  • Според Закон, работодавачот треба да исплати придонеси за плата, но не и дневница за деновите додека трае штрајкот, но ние во преговарачкиот дијалог како услов да го прекинеме штрајкот, освен покачувањето на платата, ќе бараме целосна исплата на плата во деновите додека трае штрајкот, нагласува таа.

Штрајкот го поддржуваат дури и наставници кои не се членови на СОНК, вели Спасеновска.

  • Наставниците кои не се во синдикатот пополнуваат изјава и ја доставуваат до директорот на училишето и до претседателот на синдикалната организација. Бројот на таквите наставници кои се солидарни со нас е навистина голем, така што штрајкот успешно се одвива во сите основни и средни училишта во државата, додава Спасеновска.

Борис Грујоски разговараше Лена Спасеновска – Поповска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста