Советот на град Скопје ги изгласа новите имиња на улиците, Галески: Ова не се предлози на граѓаните!

Советот на Град Скопје, со мнозинство гласови си ги изгласа новите имиња на улиците. Реагираа советниците од опозицијата. Денеска ќе излезев и ќе поздравев да имавме точка на дневен ред доколку имаше некоја инвестициска програма со која ќе се направеше подземен тунел, наместо седница, да имавме голем кружен тек кај мавровска, таму каде што сега никнува одново дивоградба, да се сечеше лента на новиот луна парк или пак да се направеше универзална сала. Напротив денес одлучуваме за личен хир, за едно итроманство, за едно политизирано крајно непотребно и би рекол идентитетско обезличување на градот, вели советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галески. Галески нагласи дека ваквите предлози за имиња не се на граѓаните, туку се предлози и желби на неколкумина надополнети со коалициска поделба во очи на локалните избори, укажувајќи на тоа дека овие промени на имиња значат и фискални импликации односно нов товар за компаниите кои се наоѓаат токму на овие улици.

Овие предлози не се на граѓаните, туку последица на личните желби на неколкумина надополнети со коалициска поделба во очи на локалните избори. Нормално тоа носи предлози на имиња кој никој не ги знае освен тие што ги предложиле, предлози кои се партиски политички печат, но не и желба на скопјани. Таква париска страст за себе промоција носи и правна дивоградба. Каде се одлуките на општините за одобрување на овие предлози?

Не видовме такви, зошто такви нема, а согласно законот треба да има, рече Галески.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста