Состојбата со заразени во тетовско сериозна,но,на големо се прават свадби, сунети, прослави

Пандемијата никако не стивнува, повторно растат бројките на заразени и починати, лекарите преморени,но, граѓаните и натаму недисциплинирани.Во тетовско на големо се прават свадби, прослави, веселби.Само во изминативе две недели, затворени се шест угостителски објекти.Ќе платат казна, и повторно истото прекршување, велат во ДПИ.

Еве последното прекршување, затекнавме 50 жени и ја растуривме прославата,после тоа имаше и друга свадба со 100 гости.Се случувало да еден објект, не го почитува законот повеќе пати, па повеќе пати е затвотрен.по истекот на времето за кое е затворен и исплатата на платните налози, си отвора и повторно работа. – изјави АЛЕКСАНДРА КОТЕЛИ- ДПИ.

Притисокот пак, врз тетовската клиничка болница е се поголем.Бројот на заразени секој ден се зголемува.Лекарите стравуваат дека не очекува уште полошо.

Еве вчера имало над 100 пациенти, амбулантски прегледани.Ова е една најава за следните две недели дека очекуваме уште поголем број на заболени.Ова зголемување на бројот навистина е сериозен знак, дека не очекува уште полошо.Би било добро да се преземат и некои дополнителни мерки.кажа д-р ГЗИМ НУРЕДИНИ- Ковид центар Тетово.

Засега има слободни места, но, ако бројките вака растат, сместувачките капацитети повторно ќе бидат проблем.Модуларната болница,нема абер да се пушти во употреба.

Недостасува да се постави струја, вода,централен систем за кислород. Надлежните немаат конкретни одговори,кога болницата ќе ги прими првите пациенти.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста