Состојбата со надојдениот Вардар во тетовско кртична, реката пред излевање

Состојбата со надојдениот Вардар во долнополошките села е критична. Поплавени се дел од нивите,а вода има и во некој од дворовите во село Раотинце.Реката е веќе пред излевање.

Ако следниве денови продолжат поинтензивни врнежи од дожд, куќите кои се во близина на Вардар се под закана да бидат поплавени.

Мештаните будно ја следат состојбата и велат,останува само да се молат на Бога да нема поплавувања.Оти, во надлежните, не веруваат.Постојано апелираат да се води грижа за речното корито,кое не се чисти и одржува редовно.

Според УХМР, најголем раст на водостојот, бележи Вардар, токму во општина Јегуновце.Селата од овој регион изминативе години неколкупати беа поплавени,штетите големи.Жителите велат дека ноќва ќе дежураат,но се молат да нема дождови, кои ќе бидат пресудни за Вардар целосно да се излее.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста