Состојбата со коронавирусот во Тетово алармантна,граѓаните бараат карантин, Теута Арифи е против

Со 14 нови случаи денеска и шест нови кластери само изминатава недела, состојбата со коронавирусот во Тетово станува алармантна. Дополнително загрижува и што мерките се помалку се почитуваат. Но, и покрај ова, тетовската градоначалничка смета дека на градот не му требаат построги мерки, а времето на карантин, било поминато.

Граѓаните со спротивни мислења на Арифи. Бараат карантин и тоа што поскоро, оти состојбата со вирусот велат, излегува од контрола.

Сериозноста на ситуацијата во полошко ја потврдуваат и епидемиолозите. Но, за да не се враќаат рестриктивните мерки, граѓаните ќе мора да научат да живеат строго почитувајќи ги мерките.

Поради зголемениот број новозаразени и нови кластери, кои од почетокот на пандемијата изнесува 31,за наредниот период се подговтува вонреден скрининг со зголемен број тестирања во поголемите жариште во полошко.

 

Милена Стојановска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста