Состојбата со коронавирусот во Гостивар алармантна,надлежните и граѓаните олабавени

Состојбата со коронавирусот во Гостивар со недели е алармантна.Градот се искачи меѓу првите три во државава според бројот на активни случаи.И колку што е сериозна ситуацијата,толку се надлежните олабавени.Последните неколку состаноци на кризните штабови, поминуваат без присуство на клучни претставници на институциите-оти веројатно, си терале одмор.

  • “Сите институции кои се компетенетни, би требало да се присутни, за сите заедно да излеземе на крај со ситуацијата во која се наоѓа не само Гостивар, туку цела држава..”-вели Ваљбон Лимани-Кризен штаб- Гостивар

За состојбата алармираат и инфектолозите.Последниот период велат има се повеќе и млади заболени,а мерките за заштита, како да не постојат.

  • “По кафиќите е преполно,одат без маски,не мијат раце, нема дистанца, тоа е најголема причина за толку голем број заразени во Гостивар..на почетокот бевме меѓу првите градови што немавме, сега секој ден имаме по 17,18, 20..последно што можам да кажам е дека младата популација доста ја зафаќа.”-вели Д-р Ратко Наумоски-Инфективно одделение -Гостивар.

Во гостиварското инфективно одделение има згрижено 20-тина пациенти. Доколку состојбата не се стабилизира,просторно и кадровски тешко ќе се одговори на уште поголем наплив на пациенти.

Милена Вучевска