Состојбата на Балканот со Ковид-19 е се позагрижувачка

Епидемиолошката ситуација во јужниот дел на Европа и на Балканот се загрижувачки, предупредуваат од светската здравствена организација. Црногопрската влада  повторно прогласи епидемија на коронавирусот на територијата на целата држава, а ќе бидат воведени и неколку привремени мерки. Задолжителното ќе биде носењето заштитни маски на отворен и затворен простор, додека на сила се уште останува забраната за работа на баровите и ноќните клубови.

Во Босна и Херцеговина, во изминатите 24 часа, се регистрирани 324 нови случаи на ковид 19, што претставува најголем број од појавувањето на вирусот во март годинава.

Во Хрватска се регистрирани 108 нови случаи на инфекција со коронавирус, а две лица починале, но позитивно е тоа што не се откриени нови жаришта на заразата.

Во Турција, една од државите која македонските граѓани можат да ја посетат без да поминат низ задолжителен карантин, регистрирани се 928 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа.  Во оваа земја случаите со коронавирус, кои се откриени неодамна се разликуваат од оние кои биле забележани во раните фази на епидемијата.

Во Албанија поради Се поголемиот број на нови случаи се затворени  ноќните клубови како и секаков вид на услуижна дејност, освен рестораните. За оние пак кои нема да ги почитуваат мерките на албанската влада ќе следува казна во висина од 25 илјади евра како и една година забрана за работа.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста