Составот на новата Влада во вторник во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ в недела ќе ги соопшти имињата на министрите

Составот на новата Влада во вторник во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ в недела ќе ги соопшти имињата на министрите

Во вторник мандатарот Христијан Мицкоски ќе го достави до Собранието комплетниот список на министери кои ќе бидат дел од владиниот кабинет. Додека партиските тела не ги утврдат имињата на новите владини функционери од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Мицкоски не сакаше да каже кои ќе бидат идните владини функционери.

  • „Јас не би зборувал во името на другите партии, во името на коалиционите партнери. Што се однесува за ВМРО-ДПМНЕ, ние сме структура која има организациска поставеност, вертикална, функционира врз основа на статут и во согласност со законите и Уставот. Во недела ќе има седница на Извршниот и Централнот комитет, ќе бидат претставени кадровските решенија од моја страна како мандатар, со нивната биографија. Очекувам да се произнесат, а ако тоа е позитивно и успешно, да бидат соопштени на јавноста. Официјалниот список на идната Влада и програмата, на 18-јуни, во вторник, ќе бидат доставени до Собранието“, кажа Мицкоски.

Новата владејачка коалиција вели Мицкоски ќе ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ , нема да има место во новата Влада за ДУИ, Левица и СДСМ. Со тоа вели Мицкоски ќе го оствариме и ветувањето партијата на Али Ахмети да замине во опозиција. Мандатарот побарал поддршка од сите пратеници за законот за реорганизација на извршната власт, вклучително и од СДСМ.

  • „Гласаа пратеници на ДУИ, точно, но од Коалицијата Европски фронт гласаа и од Турската партија, од Демократската партија на Албанците. Очекувавме да гласаат и пратениците од коалицијата на СДСМ и од Левица. Бидејќи тоа што не го кажува СДСМ, а треба да се знае, е дека јас лично остварував со нив контакти цело време. И вратата за сите пратеници да го поддржат овој закон, беше отворена. Тоа што дел од идните опозиционери гласаа и препознаа квалитет, нив треба да ги прашате.. Што се однесува до составот на идната Влада, таа ќе биде составена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ВЛЕН, и политичката партија ЗНАМ“, рече Мицкоски.

Во идната влада, како што кажа мандатарот, повеќе нема да има економски директори во здравствените установи, ќе има еден клинички центар, ќе се укинува позицијата заменик директор онаму каде што постои, за 20 отсто ќе се намалат членовите на управните одбори, ќе се намали бројот на пратеници од 120 на 90. Ветувања од кои најголем дел според Мицкоски ќе се реализираат во привите 100 дена по формирањето на Владата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста