Соседите повторно се враќаат на рестрикции, Македонија оди на избори

Благото покачување на новозаболени со Ковид19 во соседството Албанија и Бугарија, ги натера властите да размислуваат за враќање на рестриктивните мерки, во Македонија пак, рекордните корона бројки што десет дена се над сто заболени – го вратија животот во нормала, за власта на големо да чисти терен за избори во Јули. Во Албанија денеска се регистрирани триесетина новозаболени и еден починат, со што премиерот Еди Рама се закани дека повторно ќе воведе забрана за движење.

“Она што е најзагриужувачко е дека доколку трендот на новозаразени продолжи вака, не само што може да ни донесе големи штети по човечките животи и здравјето на секого, туку може да нè врати назад да се затвориме сè до пронаоѓањето на вакцината.“ – вели Еди Рама, премиер на Албанија

Бугарија денеска брои 93 новозаболени, ама сепак, властите одлучија вонредната состојба да  трае до крајот на месецот.

„Вонредната состојба во земјата ќе продолжи до крајот на јуни поради порастот на бројот на нови случаи на коронавирус. Ги имаме најлибералните мерки на светот и ако успееме, ќе бидеме држава за пример.“ – кажа Бојко Борисов, премиер на Бугарија.

Франција која беше во топ трите најпогодени држави во светот од коронавирусот ќе остане во вонредна состојба до 24 јули. Во Грција за последното деноноќие се евидентирани 20 позитивни на Ковид, но таму мерките се олабавени.

Инаку, по олеснувањето на рестриктивните мерки, според анализите на амемриканските медиуми, четири земји од Западен Балкан бележат скок на бројот на новозаразени со коронавирус. Во тој пакет се Македонија, Србија, Босна и Херцеговина  и Албанија.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста