Сопственикот на „Зара“ и „Масимо Дути“ затвора 1.200 бутици во светот

Компанијата „Индитекс“, еден од водечките светски ланци за продажба на гардероба, по финансискита загуба во првиот квартал од 2020 година, планира затворање на околу 1.200 бутици ширум планетата. Шпанската групација во чиј состав влегуваат продажните ланци „Зара“ и „Масимо Дути“ во наредниот период ќе се фокусира на зголемување на интернет продажбата. Според плановите, целта е зголемување на вкупната онлајн продажба за 25 отсто до 2022 година, пишува „Фајненшел Тајмс“.
„Се проценува дека мрежата на квалитетни физички продавници во комбинација со мрежа на ИТ продавници ќе донесе долгорочен раст на продажбата за четири до шест отсто“ се наведува во соопштението на компанијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста