Соочен со слаб рејтинг, Заев се надева дека гласовите на ДУИ, ДПА и БЕСА ќе му донесат победа во мешаните средини

Потврдена соработката на СДСМ и БЕСА за локалните избори, Заев и Касами се договорија да си дадат меѓусебна поддршка во некои општини во трката за градоначалници и советници.

По потврдената соработка со ДУИ, ДПА, а сега и со БЕСА Заев повторно го применува рецептот кој го користеше за парламентарните избори минатата година, односно ловење на албански гласови кои се нешто повеќе од 1/3 од гласачкото тело во Македонија. Соочен со намалениот рејтинг на својата партија Заев сега со партиите на Ахмети, Тачи, Села и Гаши ќе се обиде им се спротивстави на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Коалицијата СДСМ – БЕСА минатата година постави нови стандарди во современото политичко дејствување во Македонија. Денес оваа соработка е на уште повисоко ниво и дава одлични резултати низ работата на Владата. Со претседателот на БЕСА, Билал Касами се согласивме дека партнерството во нашата коалиција ќе продолжи да се развива и на претстојните локални избори, за кои согласно спецификите на различните општини ги бараме и утврдуваме најдобрите кандидати кои ќе го дадат најдобриот резултат за нашиот народ, напиша Заев на Фејсбук.

Иако официјално не е започната кампањата за изборите, партиите на големо веќе објавуваат имиња, држат трибини и теренски активности. Меѓу последните имиња кои ги објавија социјал-демократите се :

1. Ѕвонко Пекевски – Берово

2. Борис Георгиевски – Гази Баба

3. Јасмина Гулевска – Могила

4. Тони Делков – Неготино

5. Даниел Крстевски – Ранковце

Во последните 5 објавени имиња од СДСМ има само една жена, и во претходните објавувања на кандидати социјал-демократите предложија помалку од 5 жени кои ќе трчаат на изборите.

Од ВМРО-ДПМНЕ речиси секојдневно посетуваат градови и села ширум Македонија, ветуваат проекти, решенија, но засега не откриваат кои ќе бидат кандидатите кои ќе се борат за да ги реализираат ветувањата. Велат нивните канидадти ќе бидат чесни и победнички кадри, мотивирани да го средата хаосот наметнат од власта, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ ги прави последните сондажи во однос на профилирање на кандидатите, вендаш потоа партискиот статут налага да бидат изгласани на седница на централниот комитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партиите од албанскиот блок , засега не се расфрлаат со имиња за кандидати, единствено познато е дека од Алијнса и Алтернатива имаат потврдено три кадндати односно за Гостивар, Врапчиште и Боговиње, од ДУИ официјално е потврден само кандидатот за Липково.

Advertisements