Сообраќајот на патот Тетово-Јажинце нормализиран, атарот на Доброште се расчистува,штетите допрва ќе се проценуваат

Сообраќајот на Регионалниот пат Тетово- Јажинце,кај селото Доброште од доцна синоќа е нормализиран.Големите наноси од кал, дрвја и камења и денеска се расчистуваа.Поради оштетени столбови,дел од селата Теарце и Доброште сеуште немаат струја,ниту водата не се препорачува да се користи.

Жителите од овој крај не паметат вакви поплави.Најмногу штети велат, ќе претрпат земјоделските посеви.

Деновиве треба да се формира комисија за проценка на штетите,вели градоначалникот на општина Теарце,Исен Асани.Тој ги опомена мештаните дека и тие се виновни за поплавите,поради постојаното натрупување на отпад во коритото на реката.

Слични вакви поплави неколкупати имаше и во селото Порој изминативе години.Една од причините за речиси сите поплавувања беа токму неисчистените речни корита.

Милена Вучевска