Сообраќајна незгода кај Маркова Сушица, нема жртви

На 24.07.2020 во 15.00 часот во с.Маркова Сушица, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(56) од Скопје и патничко возило „дачија дастер“ со италијанска национална ознака, управувано од И.З.(26) од с.Црн Врв, скопско. Во незгодата, возачот Р.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста