Сообраќајот на патиштата непречен

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

На магистралниот пат А3 правец Ресен – Охрид почнувајќи од (четврток) 01.04.2021 пред влезот во Охрид, ќе се изведуваат градежни работи. На местото на изведувањето на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста