Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

“Виадукт трејд” известува дека на ден 16.09.2020 година (денес) ќе се започне со изведување на грaдежни активности, санирање на свлечиште на Регионален пат Р1202, делница Жировница – Бошков Мост кај с. Скудриње , каде што едната сообраќајна лента ќе биде затворена, регулирањето на сообраќајот ќе се одвива со светлосна сообраќајна сигнализација (семафори). Во период од 10:00 до 14:00 часот ќе се изврши комплетно затворање на сообраќај за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај во временски период од 45 дена.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста