Сообраќајна незгода во Скопје, моторциклист се здоби со тешки телесни повреди

На 05.10.2020 во 22.40 часот било пријавено дека на ул.„Јужноморавски Бригади“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „цитроен ц3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К. (30) од Скопје, патничко моторно возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(20) од с.Црешево, скопско и мотоцикл „јијинг“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Н.(34) од Скопје. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста