Сообраќајна незгода во Скопје, едно лице се здоби со тешки телесни повреди

На 28.09.2020 во 09.30 часот било пријавено дека на ул.„Боро Кралевски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски озанки, управувано од Г.Ј.(46) од Скопје и патничко моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.З.(44) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Г.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.