Сообраќајна незгода помеѓу мотор и автомобил во Скопје

На 15.08.2020 во 22.30 часот на бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „бенели“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Ш.(35) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(23) од с.Орланци, скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.Ш., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста