Сообраќајна незгода на регионалниот пат Прилеп– Крушево, едно лице се здобило со тешки телесни повреди

На 01.10.2020 во 09.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп– Крушево, патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.З.(34) од с.Кривогаштани, прилепско, удрило во пешакот Д.Б.(44) од с.Големо Коњари, прилепско. Во незгодата, Д.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста