Сообраќајна незгода на патот Гостивар-Маврови Анови

На 24.08.2020 во 14.50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови, во близина на Мавровска крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел корса“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М.(50) од Свети Николе и патничко моторно возило „ровер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(47) од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.М., а со телесни повреди се здобиле сопатниците од истото возило Л.М.(37) и две деца на возраст од пет и три години, потоа возачот И.Р. и сопатничката од истото возило Р.Р.(43), констатирани во Медицинскиот центар Гостивар. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста