Сообраќајна незгода на патниот правец Битола-Ресен

На 21.08.2020 околу 17.15 часот на патниот правец Битола-Ресен се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди-А3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(20) од Битола и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(24) од Битола. Во незгодата, Д.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.  

Advertisements