Сообраќајна незгода на магистралниот пат Кичево-Гостивар

На 28.09.2020 во 19.10 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај с.Зајас, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(21) од с.Грешница, кичевско и патничко моторно возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Б.Е.(39) од Р.Албанија.

Во незгодата Д.Б. се здобила со тешки телесни повреди, а сопатникот од истото возило Г.Б.(46) се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полциската станица Кичево.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста