Сообраќајна незгода на автопатот Велес – Скопје

На 11.09.2020 во 11,00 часот било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, после наплатната станица „Отовица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “фиат стило“ со битолски регистарски ознаки управувано од В.В.(56) од Битола и товарно моторно возило-влекач “ман“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Г.Н.(43) од Неготино.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.В. и сопатничка од истото возило С.В.(54), а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка на возраст од 15 години, констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Велес.