Сообраќајна незгода меѓу автомобил и мотор во струмичко, едно лице се здобило со тешки телесни повреди

На 30.09.2020 во 21.00 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село, во с.Дабиле, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „пијаџо“, со струмички регистарски ознаки, управуван од Д.Ч.(44) од с.Петралинци, струмичко, и патничко возило „опел корса“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К. (32) од с.Дабиле, струмичко. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста