Сообраќајна несреќа во Охрид: Малолетник усмртил жена откако ја удрил со својот мопед

На 17.08.2020 во 20.00 часот било пријавено дека во Охрид на ул.„Ристо Чадо“ мопед „лонгија“, со охридски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Охрид, удрил во пешакот Б.Ѓ.(68) од Охрид. Б.Ѓ. била пренесена во Општата болница Охрид, каде им подлегнала на повредите. Возачот на мопедот се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста