Сообраќајка на патот Неготино-Демир Капија: Едно лице загина, друго е тешко повредено

Едно лица загина, а друго е тешко повредено во сообраќајката што се случи попладнево на патот Неготино – Демир Капија, потврди за МИА директорката на Здравствениот дом во Кавадарци, Билјана Филипова.

Според Филипова, тешко повреденото лице, од кавадаречката болница е пренесено на скопските клиники.

Како што претходно информира МВР, се судриле џип „хјундаи” и „голф”. Увидот е во тек, а сообраќајот е пренасочен.